Успешна реализација на LEADER обуките по бизнис и претприемништво

Bez autora
May 26 2013

Сојуз на стопански комори на Македонија, Македонија 2025, Македонска развојна фондација за претпријатија и Бизнис школата Richard Ivey од Канада, и годинава по шести пат ги организираа LEADER обуките по бизнис и претприемништво за дваесет македонски мали и средни претпријатија. За времетраењето на обуката од две недели, Македонските претприемачи и менаџери имаа можност за усовршување на своите бизнис и претприемнички вештини по теркот на познатите методи на Школото за бизнис Richard Ivey од Торонто, Канада. Учесниците имаа можност преку реални примери (case study), и вежби кои се применуваат на оваа бизнис школа да се запознаат со корисни алатки, шеми и процеси на стратегиско размислување кои во значителна мера допринесоа за усовршување на познавања во делот на стратегиско планирање и одлучување, подготовка на конкретни бизнис и маркетинг планови, анализи и финансиски текови во своите компании.

Успешна реализација на LEADER обуките по бизнис и претприемништвоСојуз на стопански комори на Македонија, Македонија 2025, Македонска развојна фондација за претпријатија и Бизнис школата Richard Ivey од Канада, и годинава по шести пат ги организираа LEADER обуките по бизнис и претприемништво за дваесет македонски мали и средни претпријатија.

За времетраењето на обуката од две недели, Македонските претприемачи и менаџери имаа можност за усовршување на своите бизнис и претприемнички вештини по теркот на познатите методи на Школото за бизнис Richard Ivey од Торонто, Канада. Учесниците имаа можност преку реални примери (case study), и вежби кои се применуваат на оваа бизнис школа да се запознаат со корисни алатки, шеми и процеси на стратегиско размислување кои во значителна мера допринесоа за усовршување на познавања во делот на стратегиско планирање и одлучување, подготовка на конкретни бизнис и маркетинг планови, анализи и финансиски текови во своите компании.

LEADER обуките претставуваат посебна програма на Бизнис школата Richard Ivey започната во 1991 година. Според оваа програма во истиот момент освен во Скопје се одржуваат обуки во Молдова, Индија, Украина, Хаити, Гана и во неколку града во Русија.

Сојузот на стопански комори на Македонија и Македонија 2025 уште во 2008 година започнаа со организација на овие обуки како програма која придонесува во исполнувањето на мисиите на двете организации, а воедно влијае и на зголемување конкурентноста на компаниите, унапредување на македонското деловно опкружување и зголемување на продажбата на Македонските производи на надворешните пазари.

„Имавме прилика директно да заклучиме дека Македонските претприемачи имаат навистина иновативни идеи и се мошне креативни. Тоа е нивен и Ваш огромен потенцијал кој треба да се искористи", беше заедничкиот заклучок на обучувачите Луси Ли, извршен директор на LEADER проектот за 2013 година, Кертис Артур, Ширкеш Маитиа и Том Ладнер.

По денешното финализирање на обуката, задоволството од страна на учесниците беше очигледно и срдечно ги препорачуваат обуките и на други претприемачи и менаџери.

Следните LEADER обуки традиционално ќе се одржат во мај 2014 година.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik